ТВ-антените од покривите заминуваат во историјата

Bez autora
Oct 01 2012

Kристална слика, перфектен звук, интерактивност, електронски програмски водич, снимање на омилените телевизиски програми. Ова е само мал дел од тоа што ќе го добиваат граѓаните од 1 јуни 2013 година кога ќе престане да се емитува телевизискиот сигнал преку аналогни предаватели и со тоа земјава ќе влезе во ерата на дигиталната телевизија. Сепак, дигитализирањето на телевизијата, покрај овие придобивки, на обичниот граѓанин ќе му донесе и трошоци затоа што ќе мора да има специјален примач (рисивер) за дигиталниот сигнал или, пак, телевизор од најновата технолошка генерација. Меѓутоа, надлежните смируваат и велат дека нема да биде висока цената на таканаречените сет-топ боксови, преку кои ќе може да се прима дигиталниот сигнал на постарите аналогни телевизори.

ТВ-антените од покривите заминуваат во историјатаKристална слика, перфектен звук, интерактивност, електронски програмски водич, снимање на омилените телевизиски програми...

Ова е само мал дел од тоа што ќе го добиваат граѓаните од 1 јуни 2013 година кога ќе престане да се емитува телевизискиот сигнал преку аналогни предаватели и со тоа земјава ќе влезе во ерата на дигиталната телевизија.

Сепак, дигитализирањето на телевизијата, покрај овие придобивки, на обичниот граѓанин ќе му донесе и трошоци затоа што ќе мора да има специјален примач (рисивер) за дигиталниот сигнал или, пак, телевизор од најновата технолошка генерација. Меѓутоа, надлежните смируваат и велат дека нема да биде висока цената на таканаречените сет-топ боксови, преку кои ќе може да се прима дигиталниот сигнал на постарите аналогни телевизори. Според нив, еден ваков рисивер ќе чин околу 500 денари, а Владата ќе обезбеди 40.000 приемници за социјално најзагрозените семејства.

Според истражувањето на Советот за радиодифузија, најголемиот број од граѓаните, или околу 85 отсто од нив едноставно и без дополнителен финансиски товар ќе се приспособат на дигитализацијата на телевизиите. Тоа се граѓаните што гледаат кабелска, сателитска или интернет-телевизија, независно од тоа каков телевизор имаат. Само 15 отсто од граѓаните следат телевизиска програма преку обична антена за прием на аналоген сигнал. Тоа е главно повозрасна популација која живее во руралните средини. Овој дел од населението ќе мора да набави сет-топ боксови за да може да следи дигитална телевизија или да купи понов модел на телевизор.

- Дигиталниот сигнал ќе може да се прима и со домашна антена, така што антените, што се поставени на покрив или на балкон веќе нема да бидат потребни. Препораката е при купувањето нов телевизор задолжително да се побара модел што поддржува ДВБ-Т и МПЕГ-4 компресија, што треба јасно да биде означено на апаратот. Без тоа и за него ќе е потребен рисивер - велат во Советот за радиодифузија.

Искуствата на другите држави покажуваат дека по исклучување на аналогните предаватели може да се случи мал дел од населението што живее во области во кои нема да стига дигиталниот сигнал да останат без телевизиска програма. Исто така, може да има проблеми ако има мешање на дигиталните фреквенции во пограничните области. Во Хрватска, во првите месеци од дигиталното емитување, гледачите од полуостровот Истра и во поголем дел од Далмација имаа подобар прием на дигиталниот сигнал кој доаѓаше од Италија отколку на домашните телевизии.

За надминување на ваквите првични проблеми, во Советот за радиодифузија најавуваат дека ќе спроведат кампања за да ги едуцираат граѓаните за дигитализацијата на телевизијата и дека ќе ангажираат волонтери кои ќе им помагаат на повозрасните да ги поврзат уредите. Во Агенцијата за електронски комуникации, која е задолжена за техничкиот дел од дигитализацијата, велат дека работат на усогласување на радиофреквенциите со соседните држави.

И комерцијалните телевизии ќе мора технички да се адаптираат и да се префрлат на дигитален пренос на програмата. Исклучување на аналогниот сигнал отвора простор за појава на нови телевизии бидејќи дигиталниот сигнал може да се компресира, па така во еден канал ќе може да се емитуваат десетина телевизии во стандардна дефиниција или од три до пет со висока дефиниција.

Словенија и Хрватска веќе се дигитализираа

Од земјите во регионот, Словенија и Хрватска во 2010 година целосно преминаа на дигитално емитување. Во Србија е во тек процесот на дигитализација, а исклучувањето е закажано за 17 јуни 2015 година. И во Црна Гора и во Босна и Херцеговина крајниот датум за аналогното исклучување е закажан за средината на 2015 година, кога е крајниот рок поставен од Европската унија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik